Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, учествува на конференцијата на ОН во Севиља, а од Шпанија коментираше за настаните во неговата земја, пишува РТС.„Имав многу важна средба со шпанскиот премиер Педро Санчез, на кого му се заблагодарив за поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија“, рече Вучиќ.Зборувајќи за синоќешните барикади низ цела Србија, Вучиќ рече дека луѓето не треба да се грижат и дека државата има сила да обезбеди закон и ред.
Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека шест полицајци и двајца граѓани се повредени, соопшти по полноќ директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ откако беше нападната полицијата по завршување на протестот „Се гледаме на Видовден“ организиран од Студентите во блокада.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во насилствата по студентските протести во Белград.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема да потпише помилувања или каква било аболиција за кривичното гонење на оние, како што рече, кои учествуваа во насилства.