Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во видео-порака објавена на социјалните мрежи, упати апел до граѓаните да останат мирни и да не учествуваат во најавените блокади на главните градови.„Србија не треба да биде уништена“, порача Вучиќ, оценувајќи дека дел од оние што ги организираат протестите „не ја сакаат Србија“ и дека има и домашни и странски актери кои, според него, сакаат да го нарушат секојдневниот живот на граѓаните.„Решија да ви го отежнат животот, да ве блокираат да одите на работа, да не се чувствувате слободно во сопствената земја“, рече Вучиќ, истакнувајќи дека ги моли организаторите да се воздржат, бидејќи блокадите се „сериозни кривични дела и спротивни на уставните норми и законите за сообраќајна безбедност“.Во контекст на најавените блокади, Министерството за внатрешни работи синоќа издаде предупредување дека ќе бидат преземени сите законски мерки за одржување на јавниот ред и мир.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика граѓаните на државата на мир и упати „апел“ дека „Србија не треба да биде уништена“.