Предлогот на Лајкова беше одбиен, откако „за“ него гласаа само 71 европратеник, 539 беа „против“, а 64 беа „воздржани“.
Денешната одлука на европратениците следи откако лидерите на земјите членки на Унијата на Самитот на 26 јуни го поздравија Извештајот на Еврокомисијата за подготвеноста на Бугарија за воведување на заедничката европска валута, во кој се оценува дека земјата ги исполнува условите за приклучување кон Еврозоната од следната година, и му препорача на Советот на ЕУ да го одобри предлогот. Kanal5
Таа воедно истакна дека им упатува „топли честитки“ на Бугарија и на бугарскиот народ за ова „огромно достигнување“.
Со еден од трите денеска усвоени акти, курсот за конверзија на бугарскиот лев во евра се утврдува на 1,95583 лева за 1 евро, колку што изнесува и моменталниот среден курс на левот според Европскиот механизмот на девизен курс (ЕРМ 2). Одлуката на Советот на ЕУ следи откако претходно денеска Европскиот парламент со 531 глас „за“, 69 „против“ и 79 „воздржани“ го одобри Извештајот за прием на Бугарија во Еврозоната од 1 јануари 2026 година. Pressingtv