Рускиот идеолог и пропагандист Александар Дугин ги коментираше новите студентски протести во Србија и, на изненадување на многумина, рече дека Александар Вучиќ повеќе нема поддршка.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, учествува на конференцијата на ОН во Севиља, а од Шпанија коментираше за настаните во неговата земја, пишува РТС.„Имав многу важна средба со шпанскиот премиер Педро Санчез, на кого му се заблагодарив за поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија“, рече Вучиќ.Зборувајќи за синоќешните барикади низ цела Србија, Вучиќ рече дека луѓето не треба да се грижат и дека државата има сила да обезбеди закон и ред.
Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања.
Десетици демонстранти и неколку полицајци беа повредени вчера откако полицијата интервенираше по официјалното завршување на масовниот студентски протест во центарот на Белград, на кој беше повторено барањето за предвремени избори.