Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги става на платено административно отсуство сите вработени во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), освен директорите и клучниот персонал ширум светот, и затвора 1.600 работни места во агенцијата во САД.
Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), која ја укинува претседателот Доналд Трамп, објави вчера, недела, дека отпушта околу 1.600 свои вработени во САД за неколку часа и го става речиси целиот свој персонал, внатре и надвор од земјата, на административно отсуство.