„Не сакаме политички конфликти, не бараме одмазда, туку одговорност“, порачаа студентите пред зградата на обвинителството, пренесува Бета.
Претставник на студентите, кој не се претстави, во прочитано обраќање истакна дека Вучиќ влегол во болницата без заштитна маска и ракавици, во придружба на поединечни медиуми, додека пред него лежеле пациенти во болки. Mms
На 17 јуни, студентите кои веќе неколку месеци ги блокираат факултетите, инсистирајќи на одговорност за смртта на 16 лица при падот на настрешница во Нови Сад, поднесоа кривична пријава против српскиот претседател Александар Вучиќ до Обвинителството во Белград, бидејќи, како што наведоа, „поради рејтингот“, тој ги посетил повредените од пожарот во дискотеката во Кочани, во Северна Македонија, во Клиничкиот центар на Србија, јавуваат српските медиуми. Civilmedia