Оваа година, во Поточари ќе бидат погребани: Сенаџид (Хусеин) Авдиќ (1976), Хариз (Рамиз) Мујиќ (1976), Фата (Хусо) Бектиќ (1928), Хасиб (Адем) Омеровиќ (1961), Сејдалија (Алија) Алиќ (1961), Рифет (Мустафа) Габељиќ (1964) и Амир (Ибрахим) Мујчиќ (1964). Проектот за идентификација на Подриње (PiP) во Тузла ги содржи останките на девет жртви кои веќе се идентификувани преку ДНК тестирање и од нивните семејства, но сè уште нема согласност за нивно погребување.