Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
6
51.70
22.92
0.33/0.98
6.00
3.40
0.57
520.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 6
6 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 485.5
Best clustering variants
6 0.99/0.01 2 485.5
Nezavisen

„Гастрејд“ е првата компанија во Грција која доби лиценца за независен систем за природен гас и го разви и ќе управува со проектот во Александруполи, што е кофинансиран од средства на Европскиот фонд за регионален развој на Европската Унија преку Оперативната програма „Конкурентност, претприемништво и Иновации“ во рамките на НСРФ 2014-2020 година.

Во мај 2022 година во присуство на тогашните премиери на Северна Македонија, Грција, Бугарија, на претседателот на Србија, како и на претседателот на Европскиот совет во Александруполи се одржа свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG). На крајот на март 2021 година, Северна Македонија официјално стана дел од проектот за изградба на терминалот за течен природен гас, откако беа потпишани Меморандуми за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Грција, Тогаш, од тогашната македонска Влада соопштија дека „согласно договорот нашата земја учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во Александруполи која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра“ и дека е предвидено учество и „со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал“. Nezavisen

Faktor

Од „Гастрејд“, компанијата-оператор велат дека станува збор за еден од наважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво и ќе придонесе за енергетската безбедност и развој, за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа, „надградувајќи ја улогата и важноста на Грција на модерната енергетска карта на Европа, што ја прави енергетска порта за повеќе од девет земји“.

Терминалот за ЛНГ Александруполи, освен од пловната единица за складирање и регасификација (FSRU), се состои и од подморски и копнен гасовод за пренос на природен гас, кој го поврзува FSRU со грчкиот преносен систем и преку него ќе испорачува природен гас надвор од Грција и до Бугарија, Романија, Северна Македонија, Србија, на исток до Молдавија и Украина, како и до Унгарија и Словачка на запад. Faktor

Kanal5

Посочија дека веќе 14 грчки и меѓународни компании комерцијално учествуваат во проектот, искористувајќи го речиси целиот капацитет најмалку до 2030 година и додадоа дека паралелно „почетокот на комерцијалната работа на проектот го означува проширувањето на иницијативата Вертикален коридор, со што значително ја зајакнува својата динамика со цел да се создаде центар за трговија со природен гас во Централна и Југоисточна Европа“.

Имплементацијата на проектот започна да се обликува со добивањето на Конечната инвестициска одлука на 27 јануари 2022 година, потоа следеа градежните работи во Александруполи, кои напредуваа брзо, а во февруари 2023 година започна изградбата на пловната единица за складирање и регасификација на ЛНГ во Сингапур, а бродот стигна во Александруполи и се закотви на својата постојана позиција на средината на декември минатата година. Kanal5