Минатиот викенд медиумите документираа отворени обиди да се купат гласовите на гласачите за да ги поддржат проруските каузи и кандидати, пренесе Хина.
Истрагата на молдавската полиција претходно доведе до информации дека Русија вложила значителни ресурси и пари за да го попречи референдумот и да влијае на претседателските избори, па затоа организирала специјална обука на своја територија, но и во Србија и Босна и Херцеговина. Civilmedia
Босна и Херцеговина мора да биде во постојана готовност поради „малигното руско влијание“, а наводите за обука на лица кои наводно требало да предизвикаат немири во Молдавија за време на минатонеделниот референдум и претседателските избори треба да бидат темелно истражени, предупреди министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ. Netpress