Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека нема да оди на самитот на групата БРИКС во Русија и дека му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе донел таква одлука и да немал закажани средби со европските лидери во текот на средбата, бидејќи тоа би се протолкувало како отстапување од европскиот пат. Nezavisen
Кога станува збор за претставникот на Србија на самитот на БРИКС, Вучиќ рече дека разговарал со Путин и дека тоа е единствената причина зошто не сакал да се огласи додека не ѝ каже на личноста од која ја добил поканата – претседателот Путин.
„Тоа е израз на одговорност. Kajgana
„Политико“ потсетува дека Вучиќ денеска во Белград ќе ги пречека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и полскиот премиер Доналд Туск, со кои ќе разговара за можното членство на Србија во ЕУ и додава дека гости на Вучиќ се лидерите на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП) каде што неговата Српска напредна партија е придружна членка.
„Политико“ пишува дека Србија, иако не е членка на БРИКС, била поканета на самитот, но Вучиќ по долго двоумење решил да не присуствува, наведувајќи ја како причина посетата на Туск и Мицотакис, како и тоа што претседателот на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен ќе пристигне во петок во Белград за да ги промовира инвестициските планови на ЕУ во регионот. A1on