Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ денеска прогласи Ден на жалост на територијата на тој град, по повод тешката несреќа предизвикана од уривањето на покривот на Железничката станица во Нови Сад. Kanal5
Претходно, како што пренесоа медиумите во соседството, Владата на Србија го прогласи 2 ноември за Ден на жалост во Србија, по повод смртта и страдањето на граѓаните поради уривањето на железничката станица во Нови Сад.
Единаесет лица загинаа денеска во несреќа предизвикана од уривање на настрешницата на старата зграда на железничката станица во Нови Сад. Republika