Може за господинот Рама Северен Епир да не постои, но претпоставувам дека е очигледно дека постои грчко етничко малцинство во Албанија, кое има свои права, чиешто почитување, но и целокупното почитување на грчкото етничко малцинство во Албанија, е експлицитен предуслов за пристапниот процес на Албанија, според едногласниот став на 27-те земји членки, како што со правилно укажа Министерството за надворешни работи.
Накратко, патот на Албанија кон Европа поминува преку Атина, поминува преку Грција и има еден предуслов што никој не може да го заобиколи, а тоа е почитувањето на грчкото етничко малцинство во Албанија, рече Маринакис Како што претходно објави МИА, грчките дипломатски извори посочија дека „историјата не се брише и го одржува живо барањето за целосно почитување на правата на грчкото етничко малцинство од страна на Албанија“. Kanal5
Средбата, која се одржува под познатото мото „Горд за Албанија“ е закажана за во 11 часот во хотелот „Порто Палас“.
Првата средба тој ја одржа во Атина на 12 мај, по што на 26 истиот месец во Милано. Faktor