Успеа да преживее, жива и здрава се врати кај родителите, роднините и пријателите, за жал има и такви чии животи завршија под тие бетонски урнатини кога се урна настрешницата тешка десетици тони.
Да потсетиме, во петокот, неколку минути пред пладне, се урна настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад, при што беа затрупани патници кои чекаа превоз. Kanal5
По големата трагедија во Нови Сад се отвори јавна расправа на тема: дали настрешницата на зградата на железничката станица во Нови Сад била предмет на реконструкција или не? Фотографиите и видеата што ги објавија медиумите, особено во изминатите 24 часа, недвосмислено укажуваат дека нешто е направено на настрешницата оваа пролет.
Но, претставниците на Владата на Србија се уште тврдат дека немало реконструкција или барем тоа што се случило таму во мај и јуни – со сите огради, скелиња и работници на настрешницата – не може да се нарече реконструкција. Fokus