Објавени се имињата на петнасетемина загинати во несреќата во Нови Сад каде што падна настрешница на железничката станица. Republika
По големата трагедија во Нови Сад се отвори јавна расправа на тема: дали настрешницата на зградата на железничката станица во Нови Сад била предмет на реконструкција или не? Фотографиите и видеата што ги објавија медиумите, особено во изминатите 24 часа, недвосмислено укажуваат дека нешто е направено на настрешницата оваа пролет.
Но, претставниците на Владата на Србија се уште тврдат дека немало реконструкција или барем тоа што се случило таму во мај и јуни – со сите огради, скелиња и работници на настрешницата – не може да се нарече реконструкција. Fokus