Во трагедијата што се случи во петокот на Железничката станица во Нови Сад, животот го загубија 14 лица. Plusinfo
По големата трагедија во Нови Сад се отвори јавна расправа на тема: дали настрешницата на зградата на железничката станица во Нови Сад била предмет на реконструкција или не? Фотографиите и видеата што ги објавија медиумите, особено во изминатите 24 часа, недвосмислено укажуваат дека нешто е направено на настрешницата оваа пролет.
Но, претставниците на Владата на Србија се уште тврдат дека немало реконструкција или барем тоа што се случило таму во мај и јуни – со сите огради, скелиња и работници на настрешницата – не може да се нарече реконструкција. Fokus