Зборував со претседателот на Србија и таа одлука ќе ја донесеме со ладна глава, рационално, а не со твитови и објави на социјалните мрежи – изјави Вучевиќ за новинарите во Шангај, каде што учествува на кинескиот саем за увоз.
Тој посочи дека нема бегање од таа одлука и дека ќе биде резултат на одговорна политичка дискусија и објективна проценка на состојбите и дека тука не се работи за кривична, туку за политичка одговорност поврзана со менаџментот на државата, градот, ресорот или некоја фирма, и дека кривичното дело ќе го утврдуваат полицијата и обвинителството, односно судот. Plusinfo
Мислам дека најважно е да се разбере болката на семејствата на оние кои настрадаа, да се дозволи она што е дел од обичај, дел од културата, а тоа е дека семејствата можат на мир да ги погребуваат и да ги испраќаат своите жртви и сите да сфатат дека таа атмосфера се почитува“, рече Вучевиќ.
Тој рече дека истрагата е во рацете на јавното обвинителство и полицијата, додавајќи дека бил информиран дека се сослушуваат и земаат изјави од сите кои се во синџирот на одлучување за реконструкција или работи на железничката станицата во Нови Сад. Kanal5