Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ . Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад.
Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, јави РТС.
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во Србија, Горан Весиќ одржа вонредна прес-конференција на која рече дека утре претпладне и официјално ќе поднесе оставка.