Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица, пренесе Бета.
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, најави дека утре ќе поднесе оставка по трагичниот инцидент на Железничката станица во Нови Сад, во кој загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека ќе ја прифати оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ и додаде дека не се сомнева оти министерот не е субјективно виновен за тоа што се случи во Нови Сад.
Тројцата повредени во несреќата во Нови Сад сè уште се во многу тешка состојба.