Опозициските парламентарни партии во Србија за денеска закажаа протест пред зградата на српската влада поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 14 лица. Nezavisen
Поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад, пред Владата на Србија во Белград, се одржува протест, а организаторите и насобраните граѓани бараат оставка од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, пишува N1. Освен политичка одговорност, јавноста во Србија бара и кривично да одговараат сите оние кои на каков било начин – преку дејствување или непостапување – се виновни за падот на настрешницата и за трагедијата што се случи. Press24