Опозициските парламентарни партии во Србија за денеска закажаа протест пред зградата на српската влада поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 14 лица.
Барањата што ги покренаа демонстрантите се оставки на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, декласификација на договорите поврзани со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, апсење на одговорните за трагедијата и вонредната контрола на сите инфраструктурни проекти што се започнати или на кои се работи во изминатите 10 години. Kanal5
Протестот беше организиран од опозициските партиии и движења, а започна со минута молчење и читање на имињата на загинатите.
Откако се собраа пред Владата на Србија, протестната колона се упати низ улиците на Кнез Милош и Кралот Милан кон Претседателството на Србија, каде беа поднесени барањата. Libertas
Опозициските парламентарни партии во Србија за денеска закажаа протест пред зградата на српската влада поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 14 лица. Nezavisen
Оставка досега поднесе само министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, но тој рече дека не ја презема вината за трагедијата.
Во вторникот, за време на протестот во Нови Сад, мирниот марш се претвори во општ хаос во центарот на градот. Kanal5