Поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад, пред Владата на Србија во Белград, се одржува протест, а организаторите и насобраните граѓани бараат оставка од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, пишува N1. Освен политичка одговорност, јавноста во Србија бара и кривично да одговараат сите оние кои на каков било начин – преку дејствување или непостапување – се виновни за падот на настрешницата и за трагедијата што се случи. Press24