Албанија и Азербејџан, потпишаа меморандум за соработка за гасификација на Корча, што ќе продолжи и во Подградец и Ерсек а потоа и други градови.
Договорот е потпишан во Баку во присуство на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и албанскиот премиер Еди Рама, кој учествува на 29-та Конференцијата на страните на Конвенцијата на Обединетите нации за климатски промени(COP29). Вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, по потпишувањето, за албанските медиуми, изјави дека реализацијата на проектот почнува во 2025 година а целта е гасификација на целата територија на земјата.