Полициската управа и Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора итно излегоа со заедничко соопштение во врска со загрозувањето на безбедноста на претседателот Јаков Милатовиќ.
Како што се посочува, Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора на 6 ноември дошла до информации за потенцијална закана за претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, за што го информирала во директна комуникација. Fokus
Кабинетот на претседателот на Црна Гора е информиран дека се испитува веродостојноста на информациите за можна закана по безбедноста на претседателот на државата Јаков Милатовиќ.
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) проверува дали се подготвува информацијата дека се подготвува атентатот на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, која неодамна ја добила преку извор од странство, а за тоа го известила неговиот кабинет и Управата за полицијa, пишува Вијести. Kanal5