Согласно одлуката на ПОЕСИ и другите синдикати, ЕСИЕПИН се приклучува на 24-часовниот штрајк на новинарите во сите медиуми, како дел од протестот што го најави ГСЕЕ (Генералната конфедерација на грчките работници) - стои во соопштението на ЕСИЕПИН (Синдикат на Новинари на дневните весници на Пелопонез, Епир и островите). Во штрајкот се вклучени новинари вработени во весници, списанија, државни, локални и приватни радио и телевизиски медиуми, новински агенции, како и портали и други медиуми, како во приватниот така и во јавниот сектор, Синдикатите на новинари и медиумски работници го осудуваат одбивањето на работодавачите да преговараат за колективни договори во приватниот сектор, што резултира со ниски плати кои не ги покриваат основните животни потреби, особено во период на зголемена инфлација. Kanal5