Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Екс српскиот министер Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, започна штрајк со глад.
Меѓу уапсените за падот на настрешницата во Нови Сад се Небојша Шурлан, поранешен директор на компанијата „Инфраструктура железнице“ и Јелена Танасковиќ, која до пред неколку дена беше директор на истата фирма, објави Нова.рс. Мондо пак поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, како и помошничката на Весиќ задолжена за железнички и интермодален транспорт, Анита Димоски.
Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ се огласи на социјалните мрежи.