Кецмановиќ, според неофицијални информации на порталот Блиц, во текот на сведочењето говорел и за сведочењето на неговиот син пред судот, во кое изјавил дека татко му го нарекол психопат, и дека масакрот не би го извршил ако татко му не го научил да пука и да немал оружје дома, но и дека мајка му го притискала да биде најдобар во се. Меѓу другото, Кецмановиќ изјавил дека неговиот син „сигурно бил под лекарства кога зборувал така и дека бил успорен“.