11 лица се уапсени поради пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.
Канцеларијата на вишиот јавен обвинител во Нови Сад соопшти дека по прибирање и детална анализа на целата потребна документација, извршени се разговори со поголем број граѓани, а по извршеното вештачење за да се утврдат причините и околностите под кои таа паднала , што се случи на 20-ти ноември 2024 година и беше доставено до Обвинителството и запознавање со наодите и мислењето на градежниот вештак, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, денеска се уапсени и приведени вкупно 11 лица.