Nezavisen
Меѓу 11-те денеска уапсени поради трагедијата во Нови Сад е и директорката на железничката инфраструктура на Србија, Јелена Танасковиќ, потврдено е за Н1. Уапсени се Небојша Шурлан, поранешниот директор на Инфраструктурата на железници на Србија и Анита Димоски, помошник на министерот за железници, јавува Танјуг.
Министерот Томислав Момировиќ, кој беше министер за градежништво, транспорт и инфраструктура од 2020 до 2022 година, исто така вчера поднесе оставка, како и Јелена Танасковиќ, директорка на „Српската железничка инфраструктура“, еден ден откако претседателот Александар Вучиќ изјави дека ќе има повеќе оставки. Nezavisen