Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Sitel
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад претходно денеска соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Меѓу уапсените се министерот за градежништво Горан Весиќ, директорката на Инфарсатруктура на железниците на Србија Јелена Танасковиќ, поранешниот директор на Инфарсатруктура на железниците на Србија Небојша Шурлан и помошник на министерот за железнички транспорт Анита Димоски. Republika
Вкупно 11 лица утрово се уапсени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при пад на настрашницата на железничката станица животите ги загубија 15 луѓе, а двајца беа тешко повредени, соопшти . Меѓу единаесеттемина уапсени, како што дознава спрскиот национален сервис РТС, се и министерот за транспорт во оставка Горан Весиќ, неговата помошничка задолжена за железнички и интермодален транспорт, Анита Димоски, в.д. директорката на јавното претпријатие Јелена Танасковиќ, која вчера си поднесе оставка од функцијата, како и нејзиниот претходник во претпријатието, Небојша Шурлан. 360stepeni
Опозицијата и граѓанските здруженија организираа низа протести по трагедијата на 1 ноември, а главното барање беше судските органи да утврдат кривична одговорност и да ги уапсат оние за кои сметаат дека се одговорни за падот на настрешницата.
Во соопштението на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад се наведени иницијалите на уапсените кои се осомничени за тешки кривични дела. Novamakedonija
Во трагедијата загинаа 15 лица, додека уште две лица што беа тешко повредени сѐ уште се во тешка состојба.
Весиќ на 5 ноември поднесе оставка од функцијата министер за градежништво. Nezavisen
Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, ја демантираше веста дека е уапсен, но потврди дека им се ставил на располагање на надлежните органи.
Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад, напиша Весиќ на својот Фејсбук профил и додаде: „Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани“. Netpress
Меѓу уапсените за падот на настрешницата во Нови Сад се Небојша Шурлан, поранешен директор на компанијата „Инфраструктура железнице“ и Јелена Танасковиќ, која до пред неколку дена беше директор на истата фирма, објави Нова.рс. Мондо пак поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, како и помошничката на Весиќ задолжена за железнички и интермодален транспорт, Анита Димоски. Republika
Од обвинителството соопштија дека лицата се приведени по прибирање и детална анализа на целата потребна документација, разговори со поголем број граѓани, а по извршено вештачење за утврдување на причините и околностите под кои паднала настрешницата, а по запознавање со наодите и мислењата на градежните стручњаци.
Во четвртокот наутро, трет ден по ред, претставници на опозицијата повторно нејасно зошто го блокираа влезот на зградата во која се сместени судот и обвинителството во Нови Сад. Netpress
Вкупно 11 лица утрово се уапсени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при пад на настрашницата на железничката станица животите ги загубија 15 луѓе, а двајца беа тешко повредени, соопшти . Меѓу единаесеттемина уапсени, како што дознава спрскиот национален сервис РТС, се и министерот за транспорт во оставка Горан Весиќ, неговата помошничка задолжена за железнички и интермодален транспорт, Анита Димоски, в.д. директорката на јавното претпријатие Јелена Танасковиќ, која вчера си поднесе оставка од функцијата, како и нејзиниот претходник во претпријатието, Небојша Шурлан.
Вишото јавно обвининителство во Нови Сад ги објави иницијалите на уапсените, кои одговараат на имињата на тројцата функционери, односно ексфункционер. 360stepeni