Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. Sitel
Дваесет и четиригодишната Ања Радоњиќ почина во Клиничкиот центар во Војводина и таа е петнаесеттата жртва во несреќата во Нови Сад.
Доктор Драган Николиќ, управник на Ургентниот центар на КЦ Војводина, вчера изјави дека лекарите постигнале напредок во лекувањето на две тешко повредени лица, кои беа извлечени од урнатините на Железничката станица во Нови Сад. Civilmedia