Екс српскиот министер Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, започна штрајк со глад.
По информациите кои се појавија во медиумите дека меѓу уапсените поради падот на настрешницата во Нови Сад е и Горан Весиќ, тој имаше објава на својата мрежа Х. „Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Netpress
Српскиот министер во заминување Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, почна штрајк со глад, пренесува српскиот весник „Политика“.
Вишото обвинителство во Нови Сад вчера нареди апсење на 13 лица поради трагедијата на Главната железничка станица на 1 ноември во тој град, а меѓу уапсените се и досегашниот министер за градежништво и инфраструктура Горан Весиќ, в.д директор на „Српска Железничка инфраструктура“ Јелена Танасковиќ и Анита Димоски, в. д. помошник министер за железница и интермодален транспорт. Nezavisen
Весиќ беше уапсен на 21 ноември-четврток со уште 11 лица поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, кога при уривање на настрешницата загинаа 15 лица.
Високиот суд во Нови Сад на 23 ноември им одреди притвор до 30 дена на Весиќ и на поранешниот директор на Инфраструктурата на железници на Србија, Небојша Шурлан, додека на в.д. директката на Инфраструктурата на железници на Србија и поранешна министерка за земјоделие Јелена Танасковиќ и на помошникот – министер за железници, Анита Димовска им беше одреден домашен притвор со електронски надзор. Telma
Вишото обвинителство во Нови Сад вчера нареди апсење на 13 лица поради трагедијата на Главната железничка станица на 1 ноември во тој град, а меѓу уапсените освен Весиќ беа и в.д директората на „Српска Железничка инфраструктура“ Јелена Танасковиќ и Анита Димоски, в. д. помошник министерка за железници и интермодален транспорт.
По веста дека е уапсен, се огласи и самиот Весиќ кој рече дека доброволно одговорил на повикот на полицијата. Plusinfo
Владата на Србија во петокот на 22 ноември му го одзела имунитетот на министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ, по што му е одреден притвор, потврдиле за Танјуг во Владата. Kanal5
Според неофицијални информации, постои можност Весиќ да биде изведен пред обвинител порано, веќе денеска.
Здравствената состојба на Весиќ се следи, а официјални информации за мотивите на неговиот штрајк со глад засега нема. Faktor
Вишиот суд во Нови Сад им одреди притвор до 30 дена на Горан Весиќ и на деветмина други приведени поради несреќата на железничката станица во Нови Сад, кога поради падот на настрешницата загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. A1on