Високиот суд во Нови Сад на 23 ноември им одреди притвор до 30 дена на Весиќ и на поранешниот директор на Инфраструктура на железници на Србија, Небојша Шурлан, додека на в.д. директорката на Инфраструктура на железници на Србија и поранешна министерка за земјоделство, Јелена Танасковиќ, и на помошник-министерот за железници, Анита Димовска, им беше одреден домашен притвор со електронски надзор Владата на Србија на 22 ноември му го одзеде имунитетот на министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ.
Доскорашниот министер за транспорт, инфраструктура и градежништво на Србија, Горан Весиќ, кој беше еден од приведените за случајот на железничката во Нови Сад, почнал штрајк со глад, откако му беше одреден притвор.