Поранешниот српски министер за градежништво Горан Весиќ, кој е во притвор и штрајкува со глад поради нагло влошување на здравствената состојба, утринава е префрлен во Институтот во Сремска Каменица, јавија белградските медиуми.
Владата на Србија на 22 ноември му го одзеде имунитетот на министерот за градежништво во оставка, Горан Весиќ.
Поранешниот министер за градежништво на Србија, Горан Весиќ, кој е еден од приведените поради несреќата во Нови Сад, утринава од притвор е префрлен на лекување во Институтот во Сремска Каменица, откако неколкудневниот штрајк со глад му предизвикал нагло влошување во здравствената состојба.