Укинат му е притворот на Горан Весиќ, поранешниот српски министер за градежништво, неофицијално дознава Нова.рс. Горан Весиќ беше уапсен минатата недела поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Поранешниот министер за градежништво на Србија, Горан Весиќ, кој е еден од приведените поради несреќата во Нови Сад, утринава од притвор е префрлен на лекување во Инситутот во Сремска Каменица, откако неколкудневниот штрајк со глад му предизвикал нагло влошување во здравствената состојба.
Поранешниот српски министер за градежништво Горан Весиќ, кој е во притвор и штрајкува со глад поради нагло влошување на здравствената состојба, утринава е префрлен во Институтот во Сремска Каменица, јавија белградските медиуми.