Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека унгарското претседателство со Европската унија е успешно, посочувајќи дека, меѓу другото, е фокусирано на војната во Украина, но Унгарија нема простор за маневрирање таму поради сериозни и длабоки несогласувања во унијата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека шефот на руската држава Владимир Путин не бил при здрав ум кога . „Лицето што седи во Кремљ предложи технолошки дуел, тој рече: ‘Ќе го таргетираме, на пример, Киев и нека се бранат со системи за противвоздушна одбрана’“, рече Зеленски на прес-конференција во Брисел, каде што тој разговараше со шефовите на држави членки на ЕУ. „Дали мислите дека разумен човек може да го каже тоа?
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина нема да продолжи со транзитот на руски гас во Европа по истекот на сегашниот договор на крајот на оваа година.