Градовите и населбите во областа Шемберија и Мајевица трет ден се без струја откако снегот го оштети далноводот во тоа подрачје и екипите за поправка не можат да стигнат до столбовите поради обилниот снег.
Автомото клубот на Босна и Херцеговина (БИХАМК) соопшти дека поради снег целосно се затворени патиштата од Бихаќ кон Босански Петровац и Кључ, како и од Дрвар кон Босански Петровац и Гламоч. Press24
Поради обилните снежни врнежи, сообраќајот е целосно во прекин на седум патишта во Босна и Херцеговина (БиХ). Според најновиот извештај на Автомото клубот на Босна и Херцеговина (БХАМК), од 16 сообраќајот е во целосен прекин на патните правци Гламоч-Млиниште, Босанско Грахово-Дрвар-Босански Петровац, Дрвар-Гламоч, Купрес-Благај, Котор Варош-Теслиќ, Бања Лука -Кнежево и Босански Петровац-Кључ. Press24