Во соопштението на Судот на БиХ, објавено на страницата на оваа судска институција по полноќ, се наведува дека мерката притвор за Нешиќ, Дакиќ и Лучиќ е одредена „поради страв дека ќе уништат, скријат, менуваат или фалсификуваат докази и траги важни за кривичната постапка и влијаат врз сведоците, соучесниците или прикривањата“.
Рочиштето во Судот на БиХ, на кое Обвинителството на БиХ побара на тројцата да им се одреди притвор, се одржа вчера. Libertas
Суд на Босна и Херцеговина им одреди едномесечен притвор на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, директорот на „Патишта на Република Српска“.
Суд на Босна и Херцеговина им одреди едномесечен притвор на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, директорот на „Патишта на Република Српска“ Милан Дакиќ и Младен Лучиќ, сопственик на компанијата „Легенда „ од источно Сараево, кои Обвинителството ги товари за заговор за извршување кривични дела, перење пари, примање мито и злоупотреба на службената положба или овластување. Kanal5
Вршителот на должноста директор на „Патишта РС“ Милан Дакиќ и директорот на компанијата „Леџенд“, Младен Лучиќ, се ставени во затвор откако Судот на Босна и Херцеговина им одреди мерка притвор од еден месец. A1on