Според проценките на црногорските медиуми, околу илјада демонстранти вечерва се собраа пред зградата на црногорската влада за да протестираат против трагедијата што го снајде Цетиње на 1 јануари поради масовното убиство во тој град.
Според проценките на црногорските медиуми, околу илјада демонстранти вечерва се собраа пред зградата на црногорската влада за да протестираат против трагедијата што го снајде Цетиње на 1 јануари поради масовното убиство во тој град, додека се одржуваше седница на Советот за национална безбедност во зградата на Владата, Демонстрантите побараа одговорност и смена на целото раководство во безбедносниот систем. Kanal5
Граѓани попладнево се собраа пред зградата на Владата на Црна Гора, на протест поради реакцијата на властите на трагедијата што се случи на 1 јануари во Цетиње.
Појавувањето на десетици полицајци пред зградата на Владата во еден момент ги револтираше граѓаните кои почнаа да ги прозиваат и да прашуваат „каде бевте на 1-ви јануари“? Libertas