Поради смртта на поранешниот грчки премиер Костас Симитис, со одлука на Владата, во Грција е прогласена четиридневна национална жалост, а погребот ќе биде в четврток со почести како за премиер во функција, јави дописничката на МИА од Атина.
На 88-годишна возраст утрово ненадејно почина поранешниот премиер на Грција и поранешен лидер на ПАСОК, Костас Симитис, кој за време на неговите два мандати ја внесе земјата во еврозоната.