Дополнително во врска со информациите за зголемување на респираторните инфекции во Кина, објаснија дека според Светската здравствена организација и Европскиот центар за превенција и контрола на болести, „нивоата на акутни респираторни инфекции, вклучително и човечки метапневмовирус ХМПВ во Кина се наоѓаат во основа на податоците од претходните години, во рамките на очекуваните граници за сезоната и не се пријавени невообичаени бранови“ и објаснуваат дека во Кина, засега, најзастапен е грипот А. Откако утрово беше објавено дека е потврден случај на човечкиот метапневмовирус ХМПВ кај 71-годишен маж во Солун и грчките епидемиолози и министерот за здравство, порачаа дека нема простор за паника, бидејќи како што објаснија станува збор за вирус познат најмалку 20 години.
Како што објави МИА, министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис рече дека „не постои никаква причина за загриженост“, бидејќи станува збор за познат вирус, но и објасни дека побарале темелна анализа на потврдениот случај за да видат дали можеби станува збор за сој што не е познат или дали има некои опасни карактеристики. Mk
Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус (ХМПВ) кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран. Press24