Ако Америка може да ги земе Гренланд и Канада, Република Српска може да се обедини со Србија, вели лидерот на босанските Срби, Милорад Додик.
Во интервју за балканскиот огранок на руската пропагандна телевизија Russia Today (RT Balkan), чие седиште е во Белград, Додик, изразувајќи ја, по којзнае кој пат, својата слепа лојалност кон Владимир Путин, ја искористи можноста да го отвори прашањето за границите на европско тло и повторно ја промовира својата стара идеја за одвојување на РС од БиХ и обединување со Србија.