Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ утрово објасни дека постојат две сценарија за сеизмичката активноста, едното, позитивно сценарио е да се случи земјотрес со јачина од 5,5 степени без посериозни штети и „во овој случај, ситуацијата постепено ќе деескалира“ Второто, екстремното сценарио, според Лекас предвидува земјотрес од 6-6,2 степени и „доколку се случи тоа, сигурно ќе имаме одредени последици и затоа се преземени сите неопходни оперативни мерки“. Libertas