Студентите од четири државни универзитети во Србија, кои речиси три месеци блокираат повеќе од 60 факултети, барајќи одговорност од властите за смртта на 15 лица на железничката станица во Нови Сад, подготвуваат нова акција, а во тек е студентски марш од Белград и Ниш до Крагуевац, каде на 15 февруари ќе одржат заеднички митинг. Fokus
Студентите, чии блокади на повеќе од 60 факултети траат од 22 ноември, досега беа поддржани од стотици илјади граѓани ширум Србија на бројни собири и блокади, каде со 15-минутно молчење им се оддава почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад.
Последниот голем протест се одржа во Нови Сад со блокада на три моста, а следниот беше најавен за 15 февруари во Крагуевац. Biznisvesti
Пет студенти од Крагуевац тоа го направија трчајќи на штафетен маратон долг 115 километри.
Во текот на викендот, на стотиот ден од уривањето на настрешницата во Нови Сад, студентите организираа блокади на патишта и протести во повеќе градови во Србија, а нив им се придружија голем број граѓани. Radiomof
Бараат почитување на уставот и законите, искоренување на корупцијата и зајакнување и независност на институциите без политичко влијание.
На акцијата најавена за 15 февруари и претходеше штафетен маратон на студенти од Крагуевац кои истрчаа во Белград за симболично да им достават покани на колегите за собирот во Крагуевац. Fokus