Српската полиција и судството во средата го потврдија апсењето на 15 лица за злоупотреба и корупција, меѓу кои и долгогодишниот шеф на Српското електростопанство (ЕПС) и актуелниот челник на белградската општина Обреновац, Милорад Грчиќ, од владејачката Српска напредна партија (СНС). Постојат сомневања дека ја оштетиле државната компанија ЕПС за повеќе од милион евра со злоупотреба на службената положба и овластување при јавни набавки, изјави главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ.
Милорад Грчиќ, актуелен претседател на општина Обреновац и поранешен директор на Електростопанство на Србија (ЕПС), утринава беше уапсен во акција на српското Министерство за внатрешни работи (МВР) и Вишото јавно обвинителство во Белград.