Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска пред Судот на Босна и Херцеговина во Сараево изјави дека Обвинителството на БиХ, со покренување постапка против него, ја нападнало институцијата претседател и институциите на РС. Давајќи го својот завршен збор во судскиот процес во кој му се суди за неисполнување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Додик го обвини државното обвинителство дека го поткопува Уставот на Република Српска и со тоа го урива Уставот на БиХ, обидувајќи се, како што рече, да ги легализира „незаконските одлуки“ на високиот претставник Кристијан Шмит.
Суд во Босна и Херцеговина утре ќе ја заврши едногодишната судска постапка против лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, кој е обвинет за непочитување на одлуките на високиот претставник.