Владата на Република Српска прогласи вонредна состојба пред изрекувањето на пресудата на претседателот на ентитетот, Милорад Додик, објавувајќи ја подготвеноста да ги преземе „сите неопходни мерки за заштита на институциите, имотот и интересите на граѓаните на РС“.
Обвинителството на Босна и Херцеговина во средата побара Судот на Босна и Херцеговина да му изрече затворска казна и десетгодишна забрана за вршење политичка функција во таа земја на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик.
Во Судот на Босна и Херцеговина денеска завршни зборови на обвинителот и одбраната на претседателот на Република Српска, Милорад Додик и поранешниот в. д. на Службен весник на РС, Милош Лукиќ, кои се обвинети за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит.