Минатата година околу 7.000 лица кои не добиле азил во Грција биле депортирани или доброволно вратени во нивните земји, додека пак од јануари биле вратени над 500 лица, соопшти денеска министерот за миграција и азил на Грција Никос Панајотопулос, јави дописничката на МИА од Атина.
Панајотопулос беше во посета на автономната единица за азил и на центарот за притвор на странски државјани пред нивното заминување од Грција, што се наоѓаат во близина на Атина, од каде што најави забрзување на враќањето во земјите на потекло на нелегалните мигранти, чии барања за азил се одбиени и ја повтори посветеноста на грчката Влада за зајакнување на системот за враќање, со цел зголемување на безбедноста и ефикасноста на процесот за азил. Press24