Полицијата во Брчко во Босна и Херцеговина, уапси вкупно осум лица осомничени за трговија со деца, откако во куќа во градот пронашла 31 дете. Civilmedia
Портпаролката на окружната полиција Џевида Хукичевиќ изјави за новинарите дека истрагата за овој случај е сложена и вклучува повеќе линии на дејствување, наведувајќи дека поради сложеноста на случајот, по наредба на обвинителот, воспоставена е соработка со Агенцијата за истраги и заштита (СИПА), Министерството за внатрешни работи на Република Српска, Министерството за внатрешни работи на Херцеговскиот-неретвански кантон, како и со меѓународна соработка со Европол.
Полицијата во соработка со Центарот за социјална работа и Црвениот крст пред два дена во куќа во Брчко пронашла 31 дете, по што децата биле пренесени на безбедно место. Novamakedonija
Полицијата вчера во куќа во Брчко пронашла 31 дете на возраст од неколку месеци до 12 години. Nezavisen