Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, рече дека и покрај бројните осуди и предупредувања, нема да се откаже од политиките и дејствијата што доведоа до голема криза во Босна и Херцеговина, откако парламентот на РС ги усвои законите со кои се обидува да ја ограничи работата на државното правосудство и полиција.
Раководството на Република Српска усвои закон со кој се засилува контролата врз невладините организации и медиумите, охрабрено од мерките на против УСАИД, во момент на политичка бура предизвикана од пресудата против лидерот на босанските Срби, . Само еден ден откако пратениците во овој претежно српски ентитет го усвоија т.н. закон за „странски агенти“, даночни инспектори се појавија во канцелариите на „Капитал“, информативниот портал што критички известува за работата на владата на Република Српска.