Стотици илјади студенти и граѓани се собраа вчера во центарот на Белград на протестот „15 за 15“, на кој повикаа студентите во блокада поради неправди и корупција, додека власта се бори да го запре повеќемесечниот бес инициран откако во ноември лани се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад при што загинаа 15 луѓе, јави МИА од Белград.
Илјадници демонстранти, главно студенти, се речиси во главниот град на Србија, Белград пред планираните масовни антивладини протести закажани за утре.
Додека студентите се собираат во центарот на Белград за да одржат голем протест со колегите студенти, српскиот претседател Александар Вучиќ замина на другата страна на градот.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста во врска со најавата за утрешниот голем протест во Белград организиран од студентите.